Ford Mustang Mach 1 пристигна на европскиот пазар

Откако беше најавен минатата година, сега Ford Mustang Mach 1 е за прв пат и достапен за купувачите на Стариот континент.

Моделот Mustang Mach 1, кој Ford го подготви за своите европски муштерии, го содржи познатиот петлитарски атмосферски Coyote V8 мотор, неколку механички компоненти кои ја красат познатата верзија „коњ во галоп“ на Shelby, како и посебни дизајнерски детаљи.

Со рекалибрирана централна контролна единица, различен довод и ладилник за масло „позајмен“ од Shelby GT350 моторот (прилагоден на европските стандарди за издувни гасови) развива 460 коњски сили при 7.500 вртежи во минута и има максимален вртежен момент од 529 Nm при 4.600 вртежи во минута.

Примарното управување се обезбедува со дополнително зацврстената суспензија со адаптивни амортизери и елементи кои со себе ги носи Shelby GT500. Исто така, подобрен е и управувачкиот систем, а во стандардната опрема е и механичкото ограничено заклучување на диференцијалот. За љубителите на возењето на автопат достапен е и пакет со каросериски компоненти со кои зафатот на автомобилот се зголемува за 22% во споредба со стандардниот Mustang GT.

Во комбинација со 10-брзинскиот автоматски менувач Mach 1 од 0 до 100 км постигнува за 4,4 секунди (0,4 секунди побрзо од опцијата со рачен 6-степен менувач), а максималната брзина е 267 км/ч.

Mustang Mach 1 однадвор се препознава по различно дизајнираните браници, апликациите на каросеријата и специјалните 19-инчни алуминиумски тркала со гуми Michelin Pilot Sport 4. За опцијата со рачен менувач, треба да искеширате нешто повеќе од 64.000 евра.

Тагови
реклама

Авто новости

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Read more

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Read more

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more
 

Автомобили

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Читај повеќе

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе