Француска министерка се сликаше за Playboy

Марлен Скјапа ќе се појави на насловната страница на новиот број на американскиот магазин Playboy, додека во нејзината земја беснеат протести.

Француската министерка во владата на Емануел Макрон, Марлен Скјапа, ќе се појави на насловната страница на магазинот Playboy. Сепак, таа нема да се појави разголена, туку потполно облечена во интервју што ќе опфати дури 12 страници во француското издание на популарниот американски магазин. Во априлсккиот број Playboy посветува внимание на правата на жените и на ЛГБТК луѓето.

Нејзината одлука да се појави на насловната страница ја критикуваа поедини колеги политичари, кои моментално се соочуваат со немири во јавноста поради пензионерската реформа на Макрон.

Предлогот старосната граница за одење во пензија да се покачи од 62 на 64 години предизвика масовни штрајкови и насилни протести какви што Франција со години нема видено. Пратеничката од редовите на зелените, Сандрин Русо, за ТВ каналот BFM рече: „Каде е почитта кон францускиот народ? За луѓето што ќе мора да работат две години подолго, што демонстрираат, што овие денови нема да бидат платени, што не можат да јадат поради инфлацијата. Немам проблем со тоа женските тела да се изложени било каде, но постои општенствен контекст“.

URL

Француската премиерка Елизабет Борн наводно ја повикала колешката Скјапа за да ѝ каже дека позирањето за насловната страница на Playboy „воопшто не одговара - особено со моменталните околности“. Меѓутоа, Скјапа, кој е и мајка на две деца, ја бранеше својата одлука на Twitter. „Ги бранам правата на жените да прават што сакаат со своите тела: секаде и секогаш. Во Франција жените се слободни. Без разлика дали тоа им пречи на заостанатите и лицемерите или не“, рече таа.

URL

Францускиот уредник на Playboy, Жан-Кристоф Флорентан, рече дека Скјапа „е најкомпатибилна за Playboy“ од нејзините колешки, поради своите феминистички ставови. Изданието на бројот со Скјапа на насловната страница ќе се најде во продажба од 8 април, пренесува францускиот дневен весник Le Parisien.

Скјапа беше авторка и блогерка која се занимаваше со женски прашања, пред Макрон да ја назначи за министерка во 2017 година. Додека беше министерка за еднаквости, воведе закон со кој прозивките и уличното вознемирување се незаконски. Таа, исто така, еднаш ја пофали француската кампања започната на социјалните мрежи во ерата на движењето #MeToo, наречена „expose your pig“.

Министерката Скјапа, која по татко е Корзиканка (оттаму италијанското презиме), има кафен појас во џудо и се декларира како сапиосексуалец. Французите често нејзиното презиме го изговараат и како Шјапа.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе