СЕРИЈА А 2021/22

Гасперини: Се надевам англиските навивачи ќе го уништат ВАР

Стратегот на Аталанта не бираше зборови за да го нападне ВАР системот, нарекувајќи го „опасна алатка која влијае на резултатите“.

ВАР беше воведен во Серија А од сезоната 2017/18 со цел да даде сигурност дека судиите ќе носат висрински одлуки на теренот за време на натпреварите.

Зборувајќи за Sky Sports Italia, Џан Пјеро Гасперини го изнесе својот гнев кон ВАР и желбата тој да се укине.

„Случајот со Малиновскиј е само последниот од многуте. Сѐ уште сум лут, ВАР стана многу опасна алатка која влијае на резултатите. Нажалост, се користи при ситуации кои се кристално јасни и кои потоа се извртуваат“, почна тој.

„Веќе не се разбира кога одлучуваат судиите, а кога ВАР. Тоа прави да имаме негативно мислење, што е лоша работа, најлошото нешто што може да му се случи на фудбалот“.

„Се надевам дека англиските навивачи, кои ја срушија Суперлигата, исто така ќе го уништат и ВАР системот, кој е алатка која доколку се употребува лошо создава поголема опасност за самиот фудбал“, заврши Гасперини.

Откако се воведе ВАР навистина е намален бројот на судиски грешки, како голови од офсајд, недосудени пенали, досудени пенали без основа, црвени картони, како и игра со рака. Но, ВАР покажа и мани, бидејќи сепак зад ВАР стојат други судии кои преку монитори донесуваат одлуки, кои понекогаш можат да бидат и погрешни - што и се случува. Сепак, нивните одлуки не се конечни, туку му се сугерираат на главниот судија, кој е на терен, а тој потоа одлучува дали ќе ги прифати или не (освен за офсајд каде одлуката на ВАР е конечна).

Системот ВАР денес се користи во многу првенства ширум светот, како и на Мундијалите и континенталните првенства.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе