Германија ги откри холандските нацисти кои уште земаат хитлерова пензија

Откако со години одбиваше, Германија конечно на холандските власти им ги откри имињата на Холанѓаните кои сѐ уште добиваат пензија за служењето во хитлеровата СС за време на Втората светска војна.

Парада на холандските доброволци од Вафен СС во Хаг, 1941 година

Берлин испрати список со имиња на лица од Холандија кои земале германска пензија во периодот од 2015 до 2019 година со внесени точните суми на секој од нив. Ова го објави холандскиот државен секретар за финансии, Ханс Вајбриф, во писмо испратено до холандскиот Парламент, а пренесе локален медиум.

Излезе дека 34 луѓе во Холандија уживаат во бенефитите на таканеречената Кригсбешедигтенренте. Пензиите варираат од неколку стотини евра до најголемата која гласи 1.300 евра.

Најзастапени пензионери се екс припадници на Вафен СС, нивни вдовици или други блиски роднини. Холандските медиуми ги фати паника дека помеѓу нив може да се кријат и воени злосторници и поранешни чувари од злогласниот концетрационен камп Аушвиц бидејќи десетици холандски доброволци служеле во таквите кампови заедно со германските трупи.

Холандија веќе со години го тераше Берлин да ги открие имињата на ваквите холандски пензионери откако во 2014 година се обелодени дека илјадници луѓе низ цела Европа добиваат пензија од Германија поради нивниот допринос кај Адолф Хитлер. Пензиите биле доделени уште во 1945 година со директива на Карл Дениц, кој кратко беше наследник на Хитлер како лидер на Третиот Рајх. Декретот на Дениц гласел дека сите оние кои се здобиле со физичка или ментална траума додека ѝ служеле на Германија во Втората светска војна подлежат на пензија.

Заседание на холандската Национал-социјалистичка партија во Утрехт, 1941 година

Холанѓаните се бунеа дека е неправедно уживателите на германска пензија да ги добиваат парите без да плаќаат данок, бидејќи исплатите се одвиваат без холандските даночни власти да имаат увид во нив. Истовремено, жртвите на војната, кои добиваат компензација, сите до еден подлежат на оданочување.

Вајбриф изјави дека прво ќе бидат проверени сите на списокот за да се утврди дека нема криминалци, а потоа Холандија нема да им ги укине германските пензии на своите граѓани, туку ќе почне да ги оданочува.

Во 1998 година во Германија беше изгласан закон со кој пензијата може да им се одземе на сите оние кои направиле воени злочини. Но, 76 години по војната, често е тешко да се докаже дека некој направил таков злочин. Досега само за околу 100 луѓе е докажано дека биле злосторници во Втората светска војна.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе