УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Германски новинар: Помош, репрезентацијата ни е срамота

Германската фудбалска репрезентација ја заврши турбулентната година со заслужен пораз од Австрија, а по бламажата во Виена нема ни трага од еуфорија.

„Во вторникот вечерта на стадионот 'Ернст Хапел' во Виена можеше да се види екипа која беше брилијантно бодрена од своите навивачи. Која беше придружена со јасен стил на игра и во која можеше да се препознаат механизмите. Од друга страна, таму беше Германија. Без емоции и идеи. Помош, нашата репрезентација е срамота“, пишува новинарот на германски Sky Sport, Флориан Плетенберг.

Додава дека последниот тест годинава е само симбол на катастрофалната година на германската репрезентација, а се осврна и на селекторот Јулиан Нагелсман.

„Жал ми е за него! Затоа што сега е јасно дека ДФБ предоцна се раздели со Ханси Флик. Нагелсман имаше премалку време да ја пренесе својата идеја во овој тим на само неколку месеци пред Европското првенство. Бидејќи овој тим не е тим, му недостига дух. Сѐ му недостасува за да ни донесе радост на ЕУРО. Ги има сите предуслови за тежок неуспех на Европското првенство и тоа во сопствената земја“, напиша Плетенберг.

Наведува и дека Германија во моментов е составена од преценети ѕвезди кои не функционираат добро како тим.

„Делумно се состои од играчи кои изгледаат целосно безволни, преценети и оптоварени. Овој тим дефинитивно не успеа да создаде чувство на оптимизам, ова е загрижувачко. Во моментов се срами цела фудбалска Германија. Оваа репрезентација може да биде среќна што е избрана за домаќин на ЕУРО и што 16 од 24 репрезентации на ЕУРО можат да изборат пласман во нокаут фазата“, вели тој на крајот од текстот.

Неколку дена пред поразот од Австрија, германската репрезентација загуби и од Турција и тоа на домашен терен среде Берлин со 3:2.

Резултати на Германија во 2023 година (сите пријателски):

Германија - Перу 2:0
Германија - Белгија 2:3
Германија - Украина 3:3
Полска - Германија 1:0
Германија - Колумбија 0:2
Германија - Јапонија 1:4
Германија - Франција 2:1
САД - Германија 1:3
Мексико - Германија 2:2
Германија - Турција 2:3
Австрија - Германија 2:0

Победи: 3
Нерешени: 2
Порази: 6
Гол-разлика: 17:20

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе