Гигс: Можеби дури за 20 години Манчестер повторно ќе биде шампион

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед не гледа светла иднина за клубот со оглед на тоа како се одвиваат работите денес.

Рајан Гигс е загрижен дека на Манчестер Јунајтед можеби ќе му бидат потребни дури 20 години пред повторно да стане шампион на Англија.

„Можеби ќе треба да поминат 15, 20 години пред да освојат титула, особено ако Клоп и Гуардиола останат тука“, вели Гигс говорејќи за подкастот Greatest Game.

Како пример го даде Ливерпул и неговата голгота која траеше дури 30 години.

„Тие имаат финансиски средства и играчи. Како пример го имаме Ливерпул кој последен пат беше шампион во 1990 година. И тие тогаш си мислеа 'наскоро пак ќе освоиме'. Дури и на Клоп му беа потребни 4 и пол години за да стане шампион. Тоа си бара време“. Ливерпул долгиот пост го прекина минатата сезона.

„Мора да помислите на тоа што Клоп го направи. Тој секоја сезона го подобруваше тимот или освојуваше трофеи, како Лигата на шампионите. Се виде напредокот и притисокот попушти“.

Сега „Црвените ѓаволи“ се предводени од норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер, кој е и поранешен голгетер на клубот и воедно соиграч на Гигс.

Солскјер и Гигс

„Секој тренер и засилување во Јунајтед се гледаат како 'ете, овој ќе ни ја донесе титулата', ама тоа не оди така“, смета Гигс кој целата својта играчка кариера ја мина токму во клубот од „Олд Трафорд“.

Велшанецот освои дури 13 титули шампион на Англија со Манчестер, а одигра 672 натпревара во Премиер лигата на кои постигна и 74 голови.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе