Лионел Меси од синоќа е на чекор повторно да го облече дресот на каталонскиот гигант.
Интер Мајами беше поразен со 1:0 на домашен терен од Синсинати во натпревар во кој Меси ги мина последните 35 минути на теренот, и со тоа испадна од трката за плеј-офот во МЛС.
Тоа значи дека Интер Мајами последниот натпревар оваа сезона ќе го има на 22 октомври против Шарлот, а потоа Меси и соиграчите ќе имаат долга четиримесечна пауза.
Неиграњето со Интер Мајами во плеј-офот беше последниот услов за враќање на Меси во Барселона.
Имено, со оглед на паузата што ќе ја имаат фудбалерите на Интер Мајами, Барселона сака да го донесе на позајмица аргентинскиот великан во зимскиот преоден рок, а тоа е многу реално да се случи.
Според шпанските медиуми во последните недели, Интер Мајами е подготвен да го пушти Меси на позајмица во Барса, иако тоа значи дека би ги пропуштил првите два месеца од следната сезона во МЛС.
Сега на ред е Меси, кој треба да побара од првиот човек на клубот од Флорида, пред сѐ од сопственикот Дејвид Бекам, да го пушти на позајмица за уште еднаш да го облече дресот на неговиот омилен клуб, за последен пат.