Гледањето серии „во еден здив“ може да биде многу опасно

Терминот „binge-watch“ беше кандидат за збор на годината на Оксфордскиот англиски речник за 2013 година. Иако не победи („selfie“ на крајот ја зеде круната), изразот укажа на подемот на она што стана популарна активност на гледање повеќе епизоди од серија во еден здив.

Денес, милиони луѓе редовно ги „консумираат“ омилените серии на овој начин. Не е изненадувачки што истражувањата покажаа дека за време на изолацијата, многумина прибегнаа кон овој начин на забава.

Но, дали ваквото гледање серии во еден здив може да стане проблематично или зависно? Ако не можете да одолеете, што можете да направите?

Проблематичното гледање серии во низа не се дефинира со бројот на изгледани епизоди (иако повеќето истражувачи се согласуваат дека тоа е најмалку две по ред) или одреден број часови поминати пред ТВ или компјутерски екран.

Како и со другите форми на зависност, поважно е дали овој процес има негативно влијание врз другите аспекти од животот на една личност.

Еве некои од знаците дека станува збор за зависност:

  • Гледањето серија е најважното нешто во животот на лицето
  • Лицето се впушта во непрекинато гледање серија како начин самоуверено да го промени своето расположение: да се чувствува подобро на краток рок или привремено да избега од нешто негативно во својот живот
  • Гледањето серија ги загрозува клучните аспекти од животот на лицето, како што се меѓучовечките односи и образованието или работата
  • Бројот на часови кои лицето ги поминува секој ден во гледање серија значително се зголемува со текот на времето
  • Лицето доживува психолошки и/или физиолошки симптоми на повлекување ако не може да ја гледа серијата
  • Ако лицето успее привремено да престане со гледање, кога повторно ќе се вклучи во активноста, се враќа директно во циклусот во кој било претходно.
Поглед на доказите

Во една неодамнешна студија на оваа тема, истражувачки тим во Полска анкетирал 645 млади возрасни луѓе, од кои сите рекле дека гледале најмалку две епизоди од една серија по ред. Истражувачите сакаа да разберат некои од факторите зад проблематичното гледање серии.

Авторите користеа прашалник за да ја проценат проблематичната природа на гледањето серии меѓу учесниците. Вклучени биле прашања како: „Колку често ги занемарувате вашите обврски во корист на гледање серии?“; „Колку често се чувствувате тажни или нервозни кога не можете да гледате ТВ-серија? и „Колку често го занемарувате спиењето за да гледате серии?“.

Учесниците требаше да даваат одговори на скала од шест степени. Оценката над одреден праг се сметаше за показател за проблематично гледање.

Последици и профил на луѓе склони кон прекумерно гледање серии

Истражувачите откриле дека тешкотиите со контролата на импулсите, недостатокот на промисленост (тешкотии во планирањето и проценувањето на последиците од одредени однесувања), обидот да се избега и да се заборави на проблемите и обидот да се избегне чувството на осаменост се едни од најважните предуслови за проблематично гледање серии.

Научниците објавија дека проблематичното и прекумерното гледање серии е поврзано со анксиозно-депресивен синдром. Колку се поголеми симптомите на анксиозност и депресија, толку попроблематично станувало прекумерното гледање на една личност.

Во однос на карактерните црти, истражувањето покажа дека проблематичното претерување во гледањето серии се чини дека е поврзано со ниска совесност (се карактеризира со импулсивност, негрижа и неорганизираност) и висока невротичност (се карактеризира со анксиозност и склоност кон негативни емоции).

Прекин на навиката

Ако сакате да го намалите бројот на епизоди што ги гледате во еден здив, златното правило е да престанете да гледате во средината на епизодата. Навистина е тешко да престанете да гледате на крајот од епизодата бидејќи серијата често завршува со некоја напната ситуација што предизвикува дополнително гледање.

Исто така, би било добро да поставите дневен лимит, согласно обврските во денот, а почетокот на гледањето да го одложите за период по сите дневни задачи.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Читај повеќе

Почнува Евровизија, преставничката на Израел не излегува од хотелската соба

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе