Гневни навивачи во Бразил ја искршија ВАР опремата

Неверојатни сцени доаѓаат од најфудбалската земја на планетава каде навивачите на Гремиу ја демолираа ВАР опремата на стадионот.

Некогаш великан на бразилскиот фудбал, денес Гремиу грчевито се бори за опстанок. Претпоследен на табелата со 11 натпревари до крајот, Гремиу ита кон испаѓање, а синоќа направи уште еден чекор кон бездната откако загуби дома од Палмејрас.

Гремиу поведе во 11. минута преку Диегу Соуза, а во судиското надополнување од првиот дел гостите со двата гола на Рафаел Вејга направија пресврт.

Спорниот номент се случи на 4 минути до крајот кога младиот Елиас Алвис постигна гол за израмнување, но ВАР му го поништи поради офсајд. Потоа Палмејрас постогна победнички гол преку Брену во 93. минута.

 

По завршувањето на натпреварот гневните домашни навивачи влетаа на теренот и веднаш се упатија кон тунелот каде беше сместен телевизорот на кој главниот судија ги гледа спорните моменти консултирајќи се со неговите колеги од ВАР собата. Навивачите ја демолираа импровизираната соба кршејќи сѐ што им се најде на пат.

Remote video URL

Играчите на двата тима беа во тунелот и со неверување го гледаа дивеењето на навивачите, кои потоа се судрија и со редарите. Откако пристигна специјалната единица за растурање толпа, навивачите се повлекоа назад на трибината, но штетата веќе беше направена.

URL

Навивачите на Гремиу се злогласните Жерал, првата и најголема бразилска ултрас група.

Гремиу годинава освои дојна круна во регионалниот шампионат Гаушу, а лани стигна до финалето од бразилскиот куп. Има две титули шампион на Бразил (псоледната во 1996), а пред четири години ја освои Копа Либертадорес и потоа заврпши втор на Светското клупско првенство.

реклама

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе