УС ОПЕН 2023

Ѓоковиќ фуриозно во полуфиналето, собори рекорд на Федерер

Српскиот тенисер со рутинска победа над Тејлор Фриц со 3:0 (6:1, 6:4 и 6:4) стигна до своето 14-то полуфинале на УС опен во кариерата и така дојде на два чекора од неговата 24. Грен слем титула во кариерата. Воедно, со пласманот во полуфиналето го надмина рекордот на легендарниот Роџер Федерер за најмногу полуфиналиња.

Осмиот меѓусебен дуел заврши исто како и претходните седум, со победа на Ѓоковиќ. Овојпат српскиот тенисер тргна во фуриозен ритам, а потоа како одминуваше мечот, својата шанса ја најде и Американецот, но недоволна за пласман во полуфиналето.

Во екстремно топлите услови во Њујорк, бидејќи во текот на натпреварот температурата на теренот беше измерена на 35°C со висока влажност, Ѓоковиќ подобро се справуваше. Во првиот сет го збриша ривалот со 6:1.

URL

Вториот сет донесе рутинска работа за Ѓоковиќ. Направи брејк во третиот гем, поведе со 2:1 и потоа без поголеми проблеми стигна до 2:0. Фриц имаше само брејк топки во првиот гем откако Ѓоковиќ му го одзеде сервисот, но не можеше да возврати на ист начин.

Најголемата борба ја добивме во третиот сет. Таму Фриц одлично го чуваше својот сервис и веднаш добивме поинтересен меч.

До 3:2 и двајцата тенисери лесно го чуваа својот сервис. Тогаш Фриц прв пат упати опасна закана на сервис на Ѓоковиќ, но тој не успеа да направи брејк. Веќе во наредниот гем стигна казната. Второпласираниот на АТП листата потоа направи решавачки брејк и лесно го приведе мечот кон крајот за конечни 6:4.

Remote video URL

Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Бен Шелтон (47. АТП) кој утринава го доби американското дерби против Френсис Тиафо (10. АТП).

URL

Со оваа победа Ѓоковиќ по 47. пат успеа да се пласира во полуфинале на Грен слем турнирите, со што го надмина Роџер Федерер во оваа категорија. Рафаел Надал одамна го остави зад себе бидејќи Шпанецот има 38 полуфиналиња на најголемите турнири.

Новак наскоро би можел да собори уште еден од рекордите на Федерер бидејќи Швајцарецот има 58 четвртфиналиња на Грен слем турнирите, додека Ѓоковиќ во Њујорк го одигра четвртфиналето број 57.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Тенис

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Read more

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Read more

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Read more

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе