Голема чистка во Ливерпул: Кој е отпишан?

Ливерпул ја игра најлошата сезона во ерата на Јирген Клоп, а германскиот тренер подготвува големи промени во тимот за следната сезона.

Британски Express најавува дека 13 играчи би можеле да го напуштат „Енфилд“ во следниот преоден рок.

Роберто Фирмино, Адријан, Наби Кеита и Алекс Окслејд-Чембрлен имаат договори до крајот на сезоната и нема да ги продолжат. Ливерпул планира парите што ќе ги заштеди на платата да ги инвестира во нови играчи.

Заминува и Артур Мело, бразилскиот играч за врска кој во Ливерпул пристигна како позајмица од Јувентус. Ливерпул има опција да го откупи неговиот договор, но Мело успеа да собере само 13 минути игра и Ливерпул едвај чека да се ослободи од него.

Каоимен Келехер, Сеп ван ден Берг, Рис Вилијамс, Нат Филипс се во втор план и на продажба, а блиску до заминување е и стоперот Џоел Матип, кој е во клубот од 2016 година. Преостанатите тројца од кои Клоп би можел да се откаже за да заработи за засилувања се искусниот играч за врска Џејмс Милнер, стоперот Џо Гомес и бекот Костас Цимикас.

На Ливерпул му треба чудо до крајот на сезоната за да го грабне четвртото место и пласман во Лигата на шампионите. На девет натпревари до крајот, тие заостануваат дури 12 бода зад третопласираниот Њукасл и четвртопласираниот Манчестер Јунајтед.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе