2.МФЛ 2022/2023

Големото дерби Вардар - Пелистер ќе го гледа цела поранешна Југославија

Филип Здравески
/ 09.05.2023 / 12:16

Иако денес двата славни клуба се во втората лига, најголемото македонско дерби привлекува големо внимание, а ќе има директен пренос и тоа не само за Македонија.

Од дербито есента во Битола; Фото: ФК Вардар Скопје

Денеска од 17 часот се игра вонредно коло во втората македонска фудбалска лига, натапреварот кој привлекува најмногу внимание е пресметката на вечните ривали, скопски Вардар и битолски Пелистер.

Благодарение на тоа што Вардар има договор со Sportklub за пренесување на сите негови домашни натпревари оваа сезона, популарното Дерби на Македонија ќе имаaт прилика да го следат сите љубители на фудбалот во држававa на каналот Sportklub HD.

И не само кај нас, директниот пренос на истиот канал ќе се пренесува и во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија (преносот е најавен на официјалната веб-страница на Sportklub кај сите наведени држави). Буквално цела поранешна Југославија ќе има можност да го гледа македонското дерби воочи првата полуфинална пресметка вечер од Лигата на шампионите (Реал Мадрид - Манчестер Сити).

За жал двата клуба се таму каде што се, заглавени во втората лига, но тоа не значи дека нема да има добра фудбалска претстава, како на теренот, така и на трибините. Уште еден разочарувачки факт е што натпреварот се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, кој има само една трибина и често е претесен да ги прими сите што сакаат да ги следат натпреварите на Вардар. Скопската гордост одамна не игра на Арената „Тодор Проески“ оти нема пари да плати за изнајмување на големиот стадион, а оној во Маџари чини десетпати помалку.

Вторник од работа директно на дерби

Невообичаениот термин во вторник може да резултира со помалку гледачи поради тоа што е работен ден. Помина тоа време кога работникот работеше најчесто само прва смена, горчливиот капитализам го промени општеството ставајќи го профитот на прво место. Многумина нема да можат да дојдат на дерби, не работат сите до 4, тоа е факт. Единствената трибина на „Борис Трајковски“ можеби нема да биде преполна, како на пример против Гостивар кога редица луѓе дури и останаа надвор бидејќи немаше повеќе место ниту на скалите.

Ниту времето не е наклонето на ова дерби. Залади, подврнува, сонцето никаде го нема. Но, да потсетиме дека трибината е покриена, па оние што дождот ги плаши сепак немаат изговор, освен можеби „ме врти колено од времето“.

А, ќе дојдат ли битолчани? Чкембарите? Со оглед на тоа што стадионот има само една трибина, а на неа ќе бидат и Комитите, од безбедносни причини нема да се дозволи уште една навивачка група, особено не по она што се случи на ракометното дерби во „Јане Сандански“ пред месец и пол. Тоа е одлука на МВР. Сепак, Комитите објавија дека не ја почитуваат оваа одлука и ги повикаа Чкембарите да дојдат на стадион.

Дуел за престиж

Во ова претпоследно коло ова дерби нема да ги промени работите на табелата бидејќи до крајот сѐ е сведено само на теорија. Вардар има 5 бода заостанување зад второто место на Гостивар, кое води во првата лига, но и со две вардарови победи тешко е за верување дека гостиварчани двапати ќе кикснат, особено не денес дома против убедливо најслабиот тим во лигата, велешки Борец, а ни викендов на гости кај Караорман во Струга. Патем, Гостивар сезонава е без пораз.

Пелистер е четврти со 6 бода заостанување зад Вардар, кој седи на третото место кое, пак, води во баражот за пласман во елитата. Битолчани во теорија можат да завршат трети, но само ако го победат Вардар денеска, ја победат Саса во наредното последно коло кога Вардар треба да загуби кај Кожуф.

Многу математики и многу неверојатни сценарија. Но, она на што се надеваат фудбалските вљубеници од Македонија, но и од поранешна Југославија, е само една добра фудбалска претстава.

Натпреварот ќе го суди велешкиот судија Игор Иванов, а ќе му помагаат сограѓаните Роберт Црвенов и Андреј Ќамилов. Четврти судија е Дарко Стојанов од Штип.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе