ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Голманот на Аргентина во славјето брутално се потсмеваше со Мбапе

Иако Килјан Мбапе трипати му ја затресе мрежата во финалето, аргентинскиот голман Емилиано Мартинес во соблекувалната славјето го искористи за да му се потсмева во младиот Французин и предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Мартинес веќе навлече негативни критики со потегот откако му беше доделена наградата Златка ракавица за најдобар голман на Мундијалот приредувајќи непристоен гест на бината кој го обиколи целиот свет. Мартинес ракавицата ја испружи над шорцевите на местото на половиот орган.

Сега со снимката која излезе од аргентинската соблекувална (ја објави Николас Отаменди) повторно собра лавина негативни критики.

Имено, додека Аргентинците славеа парадирајќи низ соблекувалната со популарното вовче, Мартинес ја прекина песната викајќи: „Минута молк за Мбапе“, по што возот повторно тргна и славјето продолжи.

URL

Потегот на Мартинес е само продолжување на препукувањата помеѓу него и Мбапе, што трае веќе неколку месеци. Прво Французинот истакна дека екипите од Јужна Америка се послаби од оние од Европа бидејќи не играат на исто ниво, на што аргентинскиот голман му врати дека „нема поим од фудбал“ и дека тоа што го зборува нема никаква смисла.

Сепак, двајцата можеби на зборови не се сакаат и почитуваат, но вистината очигледно е далеку од таква. Камерите на стадионот „Лусаил“ фатија топол поздрав помеѓу двајцата кој беше инициран токму од Мартинес и тоа пред минутата молк што ја направи во соблекувалната. Ова се случи пред церемонијата со доделувањето на медалите.

URL

Мбапе синоќа постигна хет-трик против Аргентина, но само еден гол му беше од активна игра, а два од белата точка. Беше прецизен и во пенал-рулетот. Сепак, на крајот се радуваше Мартинес бидејќи Аргентина славеше по изведувањето пенали.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе