УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Голманот на Сити го повтори ЛШ успехот на Малдини без да шутне топка цела сезона

Искусниот голман на Манчестер Сити, Скот Карсон, го повтори успехот на Паоло Малдини во Лигата на шампионите без никогаш да ја допре топката во актуелната сезона од најсилното фудбалско натпреварување во светот.

За Скот Карсон (37) на шега велат дека ја има најдобрата работа на светот. Добро е платен, не се заморува и не брани за Сити, а гледа одлични натпревари недела за недела од една од најдобрите позиции на теренот, клупата за резерви. Покрај тоа, тој освојува и трофеи.

Карсон синоќа го освои вториот трофеј во Лигата на шампионите, без да ја допре топката. Неговиот Манчестер Сити победи со 1:0 против Интер и за прв пат го освои најпрестижниот европски клупски трофеј, а искусниот Англичанец натпреварот, нормално, го гледаше од клупата за резерви.

Така, поранешниот англиски репрезентативец по вторпат ја освои титулата европски првак. Тоа го направи за прв пат пред 18 години со Ливерпул во тоа чудесно финале против Милан и враќање од 3:0 на 3:3. Интересно, како и синоќа, тоа го направи во Истанбул каде се играше финалето на Лигата на шампионите.

Карсон на тој начин го израмни рекордот на Паоло Малдини, еден од најголемите играчи што светот некогаш ги видел. Карсон ги освои титулите во Лигата на шампионите со разлика од 18 години, што му успеало само на Малдини.

URL

Од титулата со Ливерпул до титулата со Сити поминаа 18 години, исто колку што поминаа од првата до последната европска титула на Малдини. Малдини освои вкупно 5 со Милан, а од првата до петтата поминаа 18 години.

За разлика од овосезонското издание на Лигата на шампионите, во кое не одигра ниту една минута, Карсон бранеше за Ливерпул во 2005 година во еден натпревар од четврт-финалето играјќи 90 минути против Јувентус.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе