Градоначалник од Тексас: Снаоѓајте се како можете, само силните ќе преживеат, слабите ќе загинат

По повод прекинот во снабдување струја и вода поради рекордните снежни врнежи и ниски температири во Тексас, градоначалникот на Колорадо Сити се обратил до граѓаните со зборовите: „локалната власт не е одговорна да ве поддржи во овие тешки времиња. Потонете или пливајте, изборот е ваш“.

Ова е дел од Facebook објавата на Бојд, довчерашен градоначалник на Колорадо Сити, еден од повеќето градови во Тексас погодени од рекордно ниските температури и снежното невреме, што оваа јужна држава на САД нема видено повеќе од 100 години. Веднаш по објавата постот беше избришан, но повикот на градоначалникот беше забележан од локалите телевизии, и предизвика гнев кај граѓаните, по што тој мораше да поднесе оставка.

– Градот и округот, како и дистрибуцијата или кој било друга компанија не ви должат ништо. Уморен сум од луѓе кои бараат милост… Само силните ќе преживеат, а слабите ќе загинат, напиша тој по повод прекините во снабдувањето со електрична енергија.

Понатаму, Бојд ги нарекува жителите на градот „мрзеливи“ и ги повика сами да се снајдат во потрага по струја и вода.

Весникот The Washington Post пишува дека ова контроверзно однесување на претставник на локална власта во Тексас, укажува „како една од најлошите зимски непогоди во историјата на Тексас ги открива ограничувањата од прифаќањето на самостојноста и суровиот индивидуализам во оваа сојузна држава“.

– Одлуката на Тексас да избегне федерална регулација во раководењето со своја сопствена електромрежа, е една од причините зошто милиони Тексашани сѐ уште немаат струја, пишува весникот. Експертите укажуваат дека прекините се должат на користењето на струја за затоплување на огромен број приватни компании, при што страдаат семејствата и луѓето од сиромашните заедници.

До среда наутро, по локално време, околу 3,3 милиони жители на Тексас сѐ уште се без струја, а во некои градови отежнато е и снабдувањето со вода.

Од околу дваесетмина починати како резултат на невремето во неколку сојузни држави, до понеделникот навечер најмалку десет лица загинале во Тексас.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more
 

Вести

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе