Граѓаните со блокирани сметки ќе ја добијат финансиската помош од 6.000 денари

Скопје, 23 декември 2020 (МИА) – Граѓаните со блокирани сметки ќе ја добијат финансиската помош од 6.000 денари, соопштија вечерва од Владата.

Ажурираната листа на корисници, потсетуваат, е објавена и поставени се сите категории граѓани кои добиваат еднократна помош од 6.000 денари како мерка од 4-тиот пакет помош во време на пандемија со COVID-19. Во тек е процесот на обработка на приговорите.

Граѓаните се упатуваат да ја проверуваат веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk на која се ажурираат податоците така како што пристигнуваат од институциите во зависност од категориите на граѓани за кои се надлежни.

Како што потенцираат од Владата, оние граѓани кои се со блокирани сметки, согласно законот, се прераспределуваат во банка која има техничка можност да ги исплати средствата на засебна сметка.

-Владата на Република Северна Македонија стори сé да ги ослободи граѓаните од административни процедури со цел средствата да стигнат до сите на кои им се потребни во најбрз можен рок, а средствата да може да се користат за она за што на граѓаните им се најпотребни, стои во соопштението.

Мерката  е во вредност од 24,6 милиони евра и со неа се поддржуваат ранливите групи на граѓани. Над 280.000 граѓани на трансакциска сметка треба да добијат еднократната помош во висина од 6.000 денари.

Со оваа мерка, како што информираа од Владата, истовремено се поддржува целокупната домашна економија, преку стимулирање на личната потрошувачка, а граѓаните средствата може да ги користат во кој било период без рокови и ограничувања.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Македонија

Даштевски: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

Read more

Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Read more

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more
 

Вести

Даштевски: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

Читај повеќе

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе