ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Гризман откри кои му се фаворити за освојување на пехарот во Катар

Францускиот напаѓач именуваше 4 репрезентации помеѓу кои според него се крие новиот светски шампион.

Антоан Гризман верува дека две јужноамерикански и две европски репрезентации ќе го дадат победникот на претстојното Светско првенство кое во втората половина од есента ќе се одржи во Катар.

„Бразил, Аргентина, Шпанија и Франција... Има уште време, остануваме претпазливи. Но, ние имаме добар тим, непобедени сме на 9 натпревари, што е добар знак. Настрана тоа, за време на Мундијалот сѐ е многу потешко“, вели Гризман во интервју за GQ.

Неговата Франција е актуелен бранител на пехарот откако пред четири години во Русија стана светски шампион. Одбрана на титулата досега им успеала само на Италија и Бразил. „Аѕурите“ во оние предвоени антологиски првенства кога легендарниот Џузепе Меаца ги предводеше до титулите во 1934 и 1938, а „Кариоките“ од времето на виртуозот Пеле кога на Мундијалите во 1958 и 1962 во два наврата ја освојуваа титулата. Ниту една друга репрезентација не успеала двапати по ред да стане шампион, што покажува колку таквата мисија е тешко остварлива. Но, Гризман и Франција ќе се обидат да го сторат токму тоа.

„Дали можеме да ја одбраниме титулата? Тоа е многу тешка задача“, искрено вели тој.

Минатиот пат кога Франција се обиде да ја одбрани титулата, онаа генерација зо Зинедин Зидан, буквално се избламира откако во 2002 испадна уште во групата, како последна и без постигнат гол.

А, пак од 2010 на три првенства по ред бранителот испаѓа уште во групната фаза. Тоа ѝ се случи на Италија во 2010, потоа на Шпанија во 2014, а последно на Германија во 2018.

Франција во Катар е во групата Д заедно со репрезентациите на Данска и Тунис, а последниот противник ќе биде познат по јунските баражи каде Перу ќе игра со подобриот од дуелот меѓу ОАЕ и Австралија.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе