Груби: ДУИ е за предвремени парламентарни избори во април 2024

Скопје, 29 април 2022 (МИА) – За мене во првите 100 дена од оваа Влада најважното е стабилноста. Во тешки времиња за нашата земја и за регионот и светот, граѓаните бараат Влада што е стабилна, има нагласнео парнерство со НАТО, со ЕУ и со САД. Влада која раководи со прогресивна коалиција и одговара на потребите на граѓаните, а не владина коалиција раководена од една партија, што смета дека руската агресија во Украина е легитимна и правилна.

Ова го нагласи првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби во излагањето на денешниот форум „100 дена од мандатот на новата Влада на Република Северна Македонија”.

ДУИ, како учесник во оваа коалиција, информира Груби, смета дека предвремени парламентарни избори може да се одржат во април 2024 година, заедно со претседателските избори.

– ДУИ како дел од оваа коалиција го поддржува силно парламентарното мнозинство и владината коалиција и овде сме да ги реализираме овие проекти. На граѓаните не им требаат авантури, им треба одговрна, социјална Влада, која ги слуша граѓаните и ги реализира нивните барања, е порака што ја упати Груби на денешниот Форум.

Според првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, оваа Влада не сака Северна Македонија да отстапи од НАТО и од ЕУ, да ги наруши односите со Косово, не признавајќи ја независноста на Косово, да ги наруши односите со Република Албанија и односите со нашиот сосед Грција, нарушувајќи го Преспанскиот договор, како и нарушувајќи ги односите со Република Бугарија укинувајќи го Договорот за добрососедство, но и да ги наруши односите меѓу Албанците, Македонците, Ромите, Турците, Србите, Власите, Бошњаците, но и сите граѓаните во нашата земја, укинувајќи го мировниот Охридски договор.

Груби наведувајќи дека во изминатите 100 дена фокусот бил ставен и на инфраструктурни проекти, информира дека завршен е тендерот за избор на консултанти, финансиски советник за реализација на Коридорот 8 и за 21 ден треба да завршат преговорите за изградба на последните автопатишта од Скопје до Ќафасан и од Прилеп до Битола. Груби изрази надеж дека камен темелникот за овие патишта ќе се постави на почетокот на јули. Тој информира дека посветено се работи и за завршување на патниот правец Скопје – Блаце и изрази уверување дека идниот месец ќе се реализира кредитот од ЕБОР и ќе се објави тендер за вторите 10 километри од овој автопат, а истата постапка ќе важи и за патот од Кичево до Букочан да се поврзе со Коридорот 8.

Тој е убеден дека при крајот на овој мандат на Владата ќе има изграден пат од Блаце до Ќафасан и од Прилеп до Битола, а ќе се заокружат и сите инфраструктурни проекти, со што ќе се помогне економијата, реализирајќи приближно две милијарди евра во период од три до четири години.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Македонија

Даштевски: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

Read more

Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Read more

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more
 

Вести

Даштевски: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

Читај повеќе

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе