GTI се враќа дома: Како Volkswagen ги спаси фановите

Легендарниот собир на GTI фанови ќе опстои.

Откако локалните власти решија да се откажат од идејата да бидат домаќини на Wörthersee Tour и со тоа ги разочараа стотиците илјади фанови кои го посетуваа настанот секоја година, Volkswagen активно се вклучи во приказната.

Компанијата многу брзо реагираше на веста со жалење и надеж дека традицијата сепак ќе продолжи. И така и ќе биде, бидејќи Volkswagen ќе го организира настанот „GTI Coming Home“ недалеку од својата фабрика во Волфсбург.

За жал, оваа година нема да има ништо, но следната година ќе се организира собир на љубителите на Volkswagen.

„Нашите GTI фанови се многу важни за Volkswagen и затоа сакаме да комуницираме со нив“, вели Имелда Лабе, член на Одборот за продажба, маркетинг и постпродажба на Volkswagen Passenger Cars.

Од Volkswagen велат дека по веста за откажување на GTI Meeting на езерото Вортерзе, решиле брзо да реагираат и да им понудат на своите фанови алтернативно решение. А притоа веројатно поддршката ќе биде уште поголема.

„Според тоа, сигурно ќе можеме да понудиме одредени моменти и изненадувања во наредната година“, рече Лабе.

Досега Volkswagen навистина знаеше да изненадува на австриското езеро со новитети како што се T-Roc R, Golf GTi cabrio и GTI W12-650. Се претпоставуваше дека оваа година ќе го претстават концептот ID.2 GTI.

Да потсетиме, на првиот собир во 1982 година имаше околу стотина посетители, додека во последните години пред пандемијата тој број беше околу 200.000.

Тагови
реклама

Авто новости

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе