Гвардиол сака само на Островот: Два трансфера ми пропаднаа, трет пат нема

Хрватскиот дефанзивец, за кого по одличните игри на Мундијалот во Катар полуде пола Европа, даде големо интервју за The Times во кое даде одговори на некои интересни прашања.

Бриотанскиот весник уште во насловот ја откри желбата на Гвардиол за тоа каде сака да ја продолжи кариерата, насловувајќи го интервјуто „Josko Gvardiol: I want to play in the Premier League“ (Јошко Гвардиол: Сакам да играм во Премиер лигата). Најзаинтересиран за доведување на Гвардиол беше токму лондонски Челси.

„Два пати ми пропадна трансферот во Англија, прво од Динамо во Лидс, а потоа минатото лето од Лајпциг во Челси, но третиот пат ќе успеам. Да, сакам да играм во Премиер лигата“, изјави Гвардиол и ги растажи навивачите на Реал.

Гвардиол проговори за турбулентното лето зад себе.

„Бев многу збунет. Еден месец пред почетокот на преодниот рок имав интервју со спортскиот директор. Ми рече: 'Јошко, нема да те продадеме, ни требаш'. Тоа за мене беше во ред, немав ништо против да останам во Лајпциг. Сепак, на два дена пред крајот на преодниот рок ми се јави агентот и рече дека Челси испратил понуда за мене“.

„Се разбира дека тоа многу ме израдува, но Лајпциг ми одговори дека нема да ме продаде. Не бев среќен бидејќи сакав да одам во еден од најголемите клубови и не бев задоволен од таквата одлука на Лајпциг, но морав да останам“, објасни тој.

Се осврна и на неговиот соиграч Кристофер Нкунку кој договори летен трансфер во Челси.

„Никогаш не сум видел играч како Кристофер Нкунку, тој е неверојатен. Секогаш кога зборувам за него, велам: Каде и да оди, сакам да одам со него“, изјави Гвардиол, а многумина заклучија дека тој откри во кој клуб ќе заврши во следниот преоден рок.

Без разлика за кој клуб станува збор, и загрепски Динамо ќе има значителна корист од трансферот. Имено, актуелниот шампион на Хрватска има право на 20% од заработката на Лајпциг при следниот трансфер на Гвардиол (претходно Динамо го продаде во Лајпциг за 18,8 милиони евра). Доколку се остварат приказните за трансфер вреден 120 милиони евра, Динамо би добил уште 20,24 милиони евра.

Гвардиол и Лјапциг во среда ќе играат токму против премиерлигаш бидејќи во рамките на осминафиналето од Лигата на шампиони Лајпциг го пречекува Манчестер Сити.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе