Тестирањата во италијанските фудбалските клубови откриваат дека и натаму вирусот е присутен, што го комплицира продолжувањето на сезоната.
По Торино и Фиорентина, лоши вести и од Сампдорија. Клубот потврди дека четворица фудбалери биле позитивни на тестовите извршени за присуство на коронавирусот од кои тројца се новозаразени, а еден претходни бил позитивен и при повторниот тест повторно се покажало дека и натаму го има вирусот.
„УЦ Сампродија известува дека при тестирањата на кои беа поставени фудбалерите, излегоа три нови позитивни на коронавирусот COVID-19 и еден повторно позитивен. Во моментов се асимпоматски, а се ставени под карантин и ќе бидат константно надгледувани согласно протоколот“, стои во официјалното соопштение објавено на клупската веб-страница.
Синоќа Фиорентина пријави 6 позитивни од кој тројца фудбалери, а останатите вработени во клубот. Завчера Торино пријави 1 заразен фудбалер.
Согласно превентивните мерки наложени од ФИГЦ во пресрет на евентуалното продолжување на сезоната, сите клубови од Серија А мораат да го тестираат целиот персонал.