Ибра ќе потпише нов договор со Милан

Златан Ибрахимовиќ ќе го продолжи договорот со гигантот од Милан, што значи дека фудбал ќе игра барем до 2023 година.

Шведскиот голгетер нема намера да ги закачи копачките иако минатиот месец наполни 40 години. Напротив, тој најавува продолжување на кариерата.

Најтиражниот италијански весник La Gazzetta dello Sport јавува дека Ибрахимовиќ ќе потпише ново продолжување на актуелниот договор со Милан кој истекува во јуни наредната година. Повторно ќе биде едногодишно продолжување.

Засега нема детали дали и натаму ќе ја добива истата плата од 7 милиони евра по сезона, со која е најплатен во редовите на „Росонерите“.

Ибра се чувствува одлично во Милан, а и од таборот на клубот се задоволни од неговиот допринос, па оттаму и се очекува продолжувањето на договорот да оди глатко.

Златан сезонава постигна само 3 гола во сите натпреварувања, но некое време не играше поради повреда. Негова цел е настап на Мундијалот во Катар, но Шведска прво ќе мора да го мине баражот, а можен противник ѝ е и Македонија.

URL

Освен со Ибра, Милан е во преговори за нов договор и со Тео Ернандес, Рафаел Леау и Исмаел Беннасер. Приоритет се и Алесио Ромањоли и Франк Кеси, но со нив преговорите не одат добро бидејќи и двајцата имаат намера да си заминат наредното лето.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе