КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Ибра: Намерно го удрив Аспиликуета, не ми е срам, пак би го удрил

Швеѓанецот не се извини за инцидентот со Аспиликуета, напротив, вели дека намерно се удрил во него за време на квалификацискиот натпревар помеѓу Шпанија и неговата Шведска и дека пак би го сторил истото.

Златан Ибрахимовиќ вели дека Шпанецот упатил навредливи коментари кон негов соиграч и затоа заслужил да добие удар.

„Пред некој ден во националниот тим го удрив Аспиликуета. Тоа го наравив намерно. Не ми е срам да го кажав тоа бидејќи тој направи лош потег кон мој иограч. Му се силеше. Направив глупост, но и пак би ја направил за да го натерам да разбере: 'Такво нешто не смееш да правиш еб*те! Немаш мад*ња да го направиш кон мене. Но, ќе ти покажам што би ти се случило ако се дрзнеш да го направиш на мене'. Е поради тоа го удрив“, објаснува Златан за The Guardian.

URL

Сесар Асипиликуета не го коментираше инцидентот, само објави фотка на Twitter со зборовите „Сѐ е во ред“ и со насмевка поради пласманот на Шпанија на Мундијалот 2022. Токму победата над Шведска ја прати „Фуријата“ во Катар.

URL

„Што може тој да каже? Нема да се осмели да ми каже мене, но ќе му каже на мојот соиграч - кој нема да му направи ништо бидејќи е премногу добар. Не беше убав потег од мене, но пак би го направил. Таков сум и не ми е срам да го кажам тоа“, додаде Ибра.

Поради тој удар во грбот на Аспиликуета судијата му покажа жолт картон на Ибрахимовиќ, негов втор во квалификациите, што значи дека му следува автоматска суспензија од еден натпревар. Шведска ќе бара пласман во Катар преку баражот, а Златан нема да може да игра токму поради картонот.

„Не се работи за тоа што ќе го пропуштам баражот. Се работи за тоа да му докажам на типот дека не може да му се силиш на некој кој лежи на земја. Не напаѓаш куче кое не лае. Нападни го оној кој може да ти врати. Многу е лесно да им се силиш на моте соиграчи кои имаат по 20-ина години и се добри момци. Се надевам сега му е јасно“.

Среќ за Аспиликуета што игра во Челси, а Ибра во Милан, па тешко дека би имале нов дуел сезонава.

УЕФА веќе најави дека ќе побара од ФИФА картоните да не се пренесуваат во баражите, па останува ФИФА да го каже последниот збор.

Жрепката е в петок, Шведска за противник може да ја добие и Македонија која исто така има проблем со суспензии поради жолти картони (Елмас и Костадинов).

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе