КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Ибра пак репрезентативец: Враќање на Бог

Напаѓачот на Милан е во составот за претстојните квалификациски натпревари, пет години по неговото повлекување од репрезентацијата.

За Златан Ибрахимовиќ времето како да почна да оди наназад. Откако играше во МЛС, лига која сите ја користат како последен чекор пред пензија, тој се врати во Европа и тоа не било каде туку во Серија А и Милан, а сега направи уште еден чекор назад кон подмладувањето: повторно е репрезентативец.

Ибра претходно играше за Шведска од 2001 до 2016 година кога после разочарувачкиот настап на ЕУРО 2016 реши да се повлече. Одигра 112 натпревари на кои постигна 62 гола. За можно враќање се шпекулираше за Мундијалот во 2018, но селекторот Јане Андерсон тогаш одлучи дека Ибра повеќе не е потребен. Сега, очигледно, се примисли.

Златан сам го потврди враќањето и тоа во свој стил, на Twitter објавувајќи: „Враќање на Бог“.

URL

Шведска на 25 март ги отвора мундијалските квалификации дома против Грузија, а три дена подоцна гостува кај Косово. Потоа на 31 игра пријателски натпревар дома со Естонија.

Доколку Ибра настапи барем на еден од трите натпревари, а тоа сигурно ќе се случи, ќе стане и најстариот играч кој заиграл за Шведска надминувајќи ги легендите Томас Равели и Хенрик Ларсон кои настапија на 38-годишна возраст. А, пак, доколку постигне и гол ќе го сруши и рекордот на Гунар Грен поставен во далечната 1958 година кога постигна два гола на 37 години во ремито 4:4 против Данска.

Јасно е дека штом Ибра сега се враќа, ќе го гледаме и на претстојното ЕУРО на кое Шведска е во групата Е заедно со Шпанија, Полска и Словачка.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе