УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2020/21

Ибра застана во одбрана на Кулушевски

Незадоволен што е резерва, Швеѓанецот со македонско потекло се побуни против селекторот, а поддршка доби и од Златан Ибрахимовиќ.

Шведска во саботата играше дома против Франција во воведното коло од својата група во Лигата на нации и загуби со 0:1. Младиот Дејан Кулушевски, кој ја одби Македонија за да игра за Шведска, почна од клупата и влезе во игра во 70. минута на местото на Себастијан Ларсон.

Новиот играч на Јувентус по натпреварот се побуни дека многу доцна бил ставен во игра и немал време да промени нешто бидејќи Франција водеше уште од пред паузата.

Во негова одбрана застана и легендата Златан Ибрахимовиќ кој преку Twitter ги нападна луѓето во Шведската фудбалска федерација оквалификувајќи го изоставувањето на Дејан од првите единаесет како „несмасна шега“.

„Каква несмасна шега.
Уште еден доказ.
Неспособни луѓе на погрешни позиции кои го задушуваат шведскиот фудбал.“, напиша Ибрахимовиќ на својот Twitter профил.

URL

Селекторот Јане Андерсон доби низа прашања зошто Кулушевски не го почнал натпреварот, но одби да одговори.

Шведска утре вечер го игра вториот натпревар и тоа против актуелниот бранител Португалија.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Фудбал

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Read more

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more
 

Спорт

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе