Идеја за десерт: Пудинг торта со јаболка

Пробајте го овој вкусен рецепт за пудинг торта со јаболка по рецептот на Мартина Трајаноска.

Начин на подготовка:

Пандишпан

2 јајца

150 мл млеко

80 мл масло

5 г печиво

150 г шеќер

1 дел

500 г јаболка

100 г шеќер

600 мл вода

1 пудинг

втор дел

200 г јаболка

600 мл млеко

2 пудинга од ванила

100 г шеќер

3 дел – шлаг крема

Начин на подготовка:

Најпрво направете го пандишпанот. Измешајте ги сите состојки и печете во загреана рерна на 200 степени(плех 15х30). Јаболката кратко пропржете ги само на шеќерот, па додадете им ја водата да се варат 10 минути. Доколку правите само со пире, ставете ги од 1 и 2 дел заедно состојките. Сварените јаболка извадете ги од водата и изблендирајте ги во пире, а од водата што се вареле издвојте 4-5 лажици и прелијте го пандишпанот, а во останатата вода додадете ги пудинзите да се сварат. Во сварениот пудинг додадете го пирето и варете уште 2-3 минути, па прелијте врз пандишпанот. Доколку го правите вториот дел посебно, јаболката запржете ги на шеќерот и наредете ги на претходно зацврстен и изладен прв дел. Во млекото сварете го пудингот и веднаш топол прелијте врз тортата. Оставете да се излади, па по желба ставете шлаг крема одозгора, или декорација по желба. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Пудинг торта со јаболки🍎 Есенско зимски десерт кој се топи во уста. Нека не ве заплашува бројот на состојки, всушност истите состојки се но ви ги поделив што како за секој дел. Шеќер, јајца, млеко она кое сите го имаме дома, а од кое може да излезе супер десерт. Кремасто и сочно, уживање за непца😊 затоа што имав објавено на стори пире или парчиња јаболки и се одлучивте за двете јас направив со двете, а за да си ја направите поедноставна работата може само со пире или само со парчиња да ја направите. Најпрво направете го пандишпанот. Измешајте ги сите состојки и печете во загреана рерна на 200С(плех 15х30). Јаболките кратко пропржете ги само на шеќерот, па додадете им ја водата да се варат 10тина минути. Доколку правите само со пире, ставете ги од 1 и 2 дел заедно состојките. Сварените јаболки извадете ги од водата и изблендирајте ги во пире, а од водата што вареле издвојте 4-5 лажици и прелијте го пандишпанот, а во останатата вода додадете ги пудинзите да се сварат. Во сварениот пудинг додадете го пирето и варете уште 2-3 минути, па прелијте врз пандишпанот. Доколку го правите 2 дел посебно, јаболките запржете ги на шеќерот и наредете ги на претходно зацврстен и изладен 1 дел. Во млекото сварете го пудингот и веднаш топол прелијте врз тортата. Оставете да се излади, па по желба ставете шлаг крема одозгора, или декорација по желба. Иии да заборавив да кажам, во делот со јаболка може да додадете и цимет(по желба)😊. Знам дека изгледа многу за правење, многу состојки и комплицирано, но воопшто не е. Доколку нешто не ви е јасно или ви треба помош, слободно пишете ми❤️

A post shared by martinascooking (@martinascookingg) on

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Рецепти

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Read more

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе