Солени мафини кои ќе станат ваш омилен појадок.
Состојки:
120 гр. брашно
Сланина на коцки, количина по желба
1 прашок за пециво
3 јајца
1 кисела павлака
Кашкавал, количина по вкус
Малку свеж магдонос
Неколку маслинки без семка
Начин на подготовка:
Изматете 3 јајца, додајте ги брашното и останатите состојки и измешајте. Сипете во тавче за мафини и печете на умерена температура додека мафините да добијат златеста боја.