Здравa варијанта за појадок или ужина во текот на денот. Пробајте го рецептот за солени мафини на Мартина Трајаноска.
Потребни состојки:
2 јајца
1 шолја јогурт
1 шолја пченкарно брашно
1 шолја бело брашно
1 печиво
1/3 шолја масло
200 гр сирење
Начин на подготовка:
Измешајте ги јајцата со јогуртот со рачна маталка или миксер. Додадете го маслото, па сувите состојки и сирењето. Префрлете ја смесата во калапи за мафини (силиконски, метални, алуминиумски) и печете ги на 200-220 степени околу 15-20 минути. Оставете ги кратко да се изладат и послужете ги. Одлично одат со чаша јогурт или свежа салата.