Идеја за појадок: Вкусен тост со авокадо
Авокадото е одличен извор на растителни влакна, здрави масти, калиум, фолна киселина, витамин Е и антиоксиданти.
Иако е скапо, авокадото е исклучително квалитетна храна. Авокадото е богато и со магнезиум кој придонесува за намалување на крвниот притисок.
За денешниот појадок ви препорачуваме да направите вкусен тост со авокадо. Погледнете го видеото во кое ќе најдете 10 идеи како да го подготвите овој здрав појадок.