Идеја за ручек: Лажен гулаш со ќофтиња

Искомбинирајте два омилени балкански јадења и ќе добиете лажен гулаш со ќофтиња. Ова превкусно јадење ќе ја воодушеви целата фамилија.

Како што полека доаѓа поладно време повеќе почнуваме да преферираме потешки јадења, па така ручекот како салата и паста може комотно да се замени со вкусни јадења како што е гулашот. Ова традиционално унгарско јадење потекнува од дамнина, а долго се крчка со месо по избор.

Денеска ви предлагаме рецепт за лажен гулаш кој се прави со ќофтиња, компири и маслинки. Ќе уживате во неговиот вкус, а нема ни многу да се помачите правејќи го. Видеото со рецептот, кое го постираме на крајот од овој напис, е доста популарно на YouTube со досега над 2 милиона и 300 илјади прегледи. Сепак, освен ако не разбирате германски, ќе мора рецептот да го прочитате тука.

Потребни состојки:

За месото:

  • 500 гр мелено месо
  • 2 лажици презла
  • 2 чешниња лук
  • 1 јајце
  • масло

За манџата:

  • 1 кромид
  • 3 чешниња лук
  • 100 гр сушен домат
  • 1 коцка супа
  • 250 мл вода
  • 250 мл сос од домати
  • ⅓ лута пиперка
  • 4 компири
  • 1 морков
  • 50 гр маслинки
  • 20 гр копар

Подготовка:

Во меленото месо додадете презла, мелен лук и јајце. Потоа добро соединете и обликувајте го секое ќофте, па испржете ги во тава во која претходно сте загреале масло. Готовите ќофтиња извадете ги на хартиени крпи (или салфетки) за да се исцедат од вишокот масло. Потоа во тенџере пропржете ги ситно сечканиот кромид и лук, па додадете го сушениот домат. Растопете ја  коцката супа во вода и додадете ја. Потоа додатете и сос од домати. Промешајте, додадете ја и сечканата лута пиперка, посолете и додадете зачини по избор. Кога сосот ќе почне да крчка додајте сечкан морков и парчиња компир. Потоа ставете ги и ќофтињата во тенџерето со сосот и додадете ги маслинките. Поклопете и оставете да се готви околу 35-40 минути. Готовиот лажен гулаш посипете го со сечкан копар.

Remote video URL
Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Рецепти

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Read more

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Read more

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе