Идеја за ручек: Свински врат во сос од кисели краставички

Неодоливото свинско месо во сос од кисели краставички е меко како путер и неверојатно вкусно. Тајна состојка во сосот го прави ова јадење прсти да излижете.

Свинско месо во необичен сос од кисели краставички е одличен предлог за ручек. Уште кога ќе го послужите со печени и пржени компирчиња - нема подобар оброк. Месото се крчка во преубав сос во кој оди и булјон, а кој ќе го направи неверојатно меко и сочно. Подготовката не е тешка, во принцип сѐ само се крчка, додека тајната е во тој неодолив киселкаст сос кој на сите свински шницли им дава посебен шмек.

Потребни соостојки:
  • 350 гр кромид
  • 800 гр свински врат
  • 2 лажици маст
  • ловоров лист
  • 1 лажичка ким
  • 2 лажички сенф
  • 2 лажички соја сос
  • 1 лажичка ворчестер сос
  • 1 л булјон (супа)
  • 160 гр кисели краставички
Подготовка:

На маст кратко пропржете ситно сечкан кромид, па додадете ги шницлите кои претходно од двете страни сте ги посолиле и побибериле. Додадете ловоров лист и ким кои претходно сте ги издробиле. Парчињата месо ставете ги едно над друго и така наредете ги во еден дел од тавата, а потоа во празниот дел додадете сенф, соја сос, ворчестер сос и промешајте. Месото сега ставете го нормално во тавата и турете од билјонот (коцка супа растворете во врела вода). Поклопете и оставете да се крчка 2 часа. Потоа извадете го месото, па процедете го сосот со помош на цедалка за крупните намирници да останат во неа. Во процедениот сос ставете ги киселите краставички кои сте ги исечкале на четвртинки, а потоа гответе 10 минути. Вратете го месото и гответе уште 2-3 минути.

Можете и да ги следите чекорите на видеото:

Remote video URL
реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Рецепти

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе