Ресторанот PizzaHQ од Њу Џерси реши да го елиминира човечкиот фактор во подготовката на пици за своите купувачи и луѓето ги замени со роботи кои имаат капацитет да подготват до 300 пици на час.
Роботите автоматски ставаат сос, сирење и различни состојки во зависност од примените нарачки, а ресторанот инвестирал и во други машини кои подготвуваат тесто, печат и ја сечат пицата.
Пицата е подготвена да оди во печка за помалку од една минута, а процесот на печење трае седум минути. Откако ќе се испечат, луѓето се и понатаму потребни, па персоналот ги префрлува на сечење, а потоа и во кутии.
Оние кои ги пробале пиците од „роботско производство” велат дека се одлични.