ИЈЗ: Намален бројот на нови случаи и на починати од COVID-19

МИА
/ 26.01.2021 / 14:24

Скопје, 26 јануари 2021 (МИА) – Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 18 до 24 јануари 2021, тестирани се вкупно 11.036 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на COVID-19, со намалување од 21,8 отсто во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 1.727 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 28 отсто во однос на минатата недела, соопшти Министерството за здравство.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=851; 49,3 отсто), со неделна инциденца – 137,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 190,5/100.000 е регистрирана во Кавадарци.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 9 до 19 отсто, или во просек 14 отсто, што претставува намалување од два пшроцентни поени во однос на преходната недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=507, 29,4 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40 до 49 години (n=299; 17,3 отсто), од 50 до 59 (n=298; 17,3 отсто), од 30 до 39 години (n=287; 16,6 отсто), и од 20 до 29 години (n=231; 13,4 отсто). Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=32; 1,9 отсто) и од 10 до 19 години (n=73; 4,2 отсто).

По добиени два негативни теста за присуство на корона вирусот или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.084 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 12,1 отсто помалку во споредба со претходната недела.

Пријавени се 69 смртни случаи од 23 града, со намалување од 12,7 отсто во однос на претходната недела. Во однос на возраста, 55 лицa биле над 60 години, 11 лица на возраст од 50 до 59 години, две лица на возраст од 40 до 49 години и едно лице од 30 до 39 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 18 до 24 јануари, како и кумулативната состојба се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје.

На инфективните одделенија се лекуваат 608 пациенти, слободни кревети има

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 608 и има околу 559 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од Министерството за здравство.

На инфективните одделенија во земјава во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат 334 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19, во болницата во Штип е хоспитализиран 37 пациенти, на  инфективното одделение во Тетово има 13 пациенти, во Велес се лекуваат 22 болен, а во Куманово 45 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 19, во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 18 пациенти, во Кочани 5 во Кичево 12, Кавадарци 17, во Гевгелија 2 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Од Министерството за здравство, посочуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Од МЗ посочуваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, како и дека Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more
 

Ново

  • play_arrow

7 најлегендарни изгубени градови

Читај повеќе
  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Вечна дилема: Колку студот влијае на вкусот на пивото?

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Издадени наредби за утврдување на причините за смртта на бебето од Вевчани

Читај повеќе