ИЈЗ: Намален бројот на тестирања, позитивни случаи и на починати

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, претходната недела биле тестирани 10.778 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

Регистрирани биле 2.329 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 30,9 проценти во однос на претходната недела.

За 17,9 отсто е помал бројот на тестирани на коронавирус од 28 декември 2020 до 3 јануари 2021 во однос на претходната недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.086; 46,6%), со неделна инциденца – 175,8/100.000. Во периодот на известување процентот на позитивни од тестирани случаи на SARS-CoV-2 изнесува 21,6 отсто, намалување од 4,1 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=688, 29,5%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50 до 59 години (n=440; 18,9%), 40-49 (n=404; 17,3%), 30-39 (n=392; 16,8%) и 20-29 (n=263; 11,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 години (n=38; 1,6%) и 10-19 години (n=104; 4,5%), соопшти Министерство за здравство.

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, за оздравени се водат 3.884 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Во овој период биле пријавени 93 смртни случаи од 22 града, со намалување од 27,9 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 77 лицa биле над 60 години, 11 лица на возраст од 50 до 59 години, четири лица на возраст од 40 до 49 години и еден смртен случај е пријавен од возрасната група 30-39 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со COVID-19 за периодот од 28 декември 2020 до 3 јануари 2021, како и кумулативната состојба се објавува на веб-страницата на Институтот: http://iph.mk/ .

реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе