Легендарниот голман Икер Касиљас, по објавата на Twitter дека е хомосексуалец тврдеше дека профилот му е хакиран, а ден по извинувањето на обожавателите и ЛГБТ заедницата, одлучи да ја напушти Шпанија.
По контроверзната објава, поранешниот голман на Twitter објави дека ја напушта Шпанија.
„Време е да се патува далеку“, напиша тој, објавувајќи фотографија во лифт со куфер и хаштаг „добра недела“.
Касиљас се разведе од сопругата Сара Карбонеро во март, 2021 година по пет години брак.
Многумина веруваат дека твитот на Икер е одговор на шпекулациите за неговиот живот по разводот, кога многу медиуми го поврзуваа со различни славни жени.