Илон Маск нема ништо против банкрот на Tesla, но под еден услов

Илон Маск продолжува со своите, благо кажано, изненадувачки изјави.

Од Tesla секогаш кажувале дека не гледаат конкуренција од другите производители на електрични возила, туку дека нивните најсериозни ривали се традиционалните производители на автомобили со мотори со внатрешно согорување. И навистина, ако сакаат да ги остварат своите планови за продажба, сигурно ќе мора да земат парче од колачот токму од оние производители со вековна традиција.

Да потсетиме, Илон Маск пред речиси една година изјави дека нивната цел е Tesla да го зголеми производството на 20 милиони единици годишно до 2030 година. Звучи невозможно, особено ако се земе предвид дека моментално најголемиот производител, Toyota, произведува едвај над десет милиони возила.

Некои се прашуваат што би се случило ако се појави производител со подобри електрични возила од Tesla. Наводно, Илон Маск не би имал ништо против тоа, тврди Хиромичи Мизуно, член на управниот одбор на Tesla. Тој изјави за CNBC дека Илон Маск рекол дека ќе прифати банкрот на Tesla доколку некој ривал лансира подобар електричен автомобил.

„Не се согласувам секогаш кога Илон вели дека не му пречи Tesla да банкротира ако некој друг излезе со подобар автомобил. Мислам дека тоа е негова филозофија и на Tesla“, изјави Мизуно. Од неговите зборови лесно се чита дека Маск во неколку наврати го спомнал банкротот на Tesla. Тешко е да се каже дали Маск мисли дека ова е една од опциите или е толку убеден во супериорноста на Tesla што толку се опушта со ваквите изјави.

Инаку, Хиромичи Мизуно е поранешен главен инвестициски директор на Јапонскиот државен пензиски инвестициски фонд и се приклучи на одборот на Tesla во април 2020 година.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Авто новости

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе