Илон Маск откри кога планира да си замине од Twitter

Илон Маск, во интервју на Светскиот владин самит во Дубаи, рече дека крајот на 2023 година ќе биде добро време да се повлече од првата позиција на Twitter. Тогаш, како што вели, компанијата треба да биде во стабилна позиција.

Уште во декември, Маск ги праша своите следбеници дали треба да се повлече од функцијата извршен директор на Twitter, тврдејќи дека ќе го слуша гласот на јавноста.

Да потсетиме дека во анкетата учествувале 17,5 милиони луѓе, од кои 57,5 ​​отсто гласале Маск да ја напушти челната позиција на компанијата.

Маск ги прифатил резултатите од истражувањето позитивно, па набрзо најави дека ќе се повлече од функцијата извршен директор штом најде некој „доволно луд“ да ја преземе работата.

Помина извесно време од тогаш, а шефот на Twitter дури сега откри кога тоа би можело да се случи.

„Мислам дека треба да ја стабилизирам компанијата и да се уверам дека е во финансиски добра позиција и планот за производи е на место. Претпоставувам дека крајот на годината би бил добро време да најдам некој друг да ја води компанијата бидејќи мислам до крајот на годината треба да бидеме во стабилна позиција“, рече Маск во онлајн интервјуто.

URL

За да се доведе Twitter во стабилна состојба, потребна е многу работа, бидејќи, како што вели Маск, станува збор за „обратен стартап“. Но, се чини дека на Маск работа не му недостига, бидејќи истакна дека работата го окупира од моментот кога ќе се разбуди до заспивање. Тој наведува дека работи седум дена во неделата, а спие шест часа навечер.

„Не ми е намерата да работам како луд, би било добро 80-часовна работна недела. За тоа би се стремел“, заклучил Маск во разговорот.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Вести

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more
 

Гик

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе