Илон Маск работи на нов хуманоиден робот

Кајгана/МИА
/ 20.08.2021 / 09:35

Нов прототип на хуманоиден робот ќе биде претставен следната година од компанијата на Илон Маск, Tesla.

Роботот ќе биде висок 172 сантиметри и тежок околу 56 килограми, ќе биде опремен со вештачка интелигенција, како и сет сензори што се користат во електричните возила произведени од компанијата.

Роботот ќе се вика Tesla Bot.

– Ако размислите, Tesla е веќе најголемиот производител на роботи во светот, бидејќи нашите автомобили изгледаат како полуинтелигентни роботи на тркала. Би било логично технологијата развиена од компанијата да биде преточена во хуманоиден облик, истакна Маск.

Прототипот на Tesla Bot ќе биде изработен од лесни материјали. Наместо лице, роботот ќе биде опремен со монитор за корисни информации. Со 40 активатори, роботот ќе се движи со брзина од осум километри на час и ќе може да крева предмети со тежина до 20 килограми.

– Тој мора да биде пријателски настроен, рече шефот на компанијата на шега.

Маск нагласи дека првиот Tesla Bot ќе биде дизајниран да „извршува и сложени и здодевни задачи“, па дури и да пазарува, по потреба.  

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе