Илон Маск се прави паметен за војната во Украина, Медведев го нарече „шпион во сенка“

Корисниците на Twitter, вклучувајќи го и украинскиот претседател Володимир Зеленски, го критикуваа најбогатиот човек на светот, Илон Маск, откако тој даде свои предлози за мир во Украина.

Маск вчера побара од корисниците на социјалната мрежа да гласаат за неговиот предлог за мир во Украина.

Милијардерот со јужноафриканско потекло предложи повторување на референдумите во регионите што ги анектираше Москва, овојпат под надзор на Обединетите нации, по што Русија ќе се повлече во случај на негативен резултат.

Маск исто така предложи Крим формално да стане дел од Русија, „како што беше од 1783 година“ до „грешката“ на советскиот лидер Никита Хрушчов. Во контроверзната објава, тој повика на снабдување со вода на Крим и за неутрален статус на Украина.

URL

Сопственикот на Tesla набрзо доби одговор од илјадници корисници на социјалната мрежа, меѓу кои и украинскиот претседател.

„Кој Илон Маск го претпочитате?“, напиша Зеленски на Twitter, правејќи пародија на прашањето на Маск и нудејќи ги одговорите: „Оној што ја поддржува Украина“ и „Оној што ја поддржува Русија“.

И Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател, се огласи на Twitter и го коментираше предлогот на Маск за мир во Украина.

„Добро сторено! Се откри шпионот во сенка. Заслужува нов ранг и тоа многу брзо. Неговиот следен твит веројатно ќе биде нешто за тоа дека Украина е вештачки создадена земја. Чекаме...“, напиша Медведев.

URL

Маск беше нападнат и од легендарниот руски шахист, противникот на рускиот претседател Владимир Путин со хрватска адреса, Гари Каспаров.

„Ова е морален идиотизам, повторување на пропагандата на Кремљ, предавство на украинската храброст и пожртвуваност“, напиша шахистот.

Маск му одговорил дека „ѝ дал Starlink на Украина и изгубил 80 милиони долари во тој процес, и се ставил себеси и SpaceX на сериозен ризик од руски сајбер напад“, мислејќи на неговиот сателитски систем кој ја олеснил комуникацијата за Киев и за неговата компанија која нуди и развива патување во вселената.

„Што си направил освен што твиташ?“, праша милијардерот Каспаров.

Маск доби најжесток одговор од украинскиот амбасадор во Германија во заминување, Андриј Мелник.

„Е*и се е мојот многу дипломатски одговор до тебе, @elonmusk“, напиша Мелник, кој беше критикуван во јули за одбрана на контроверзниот украински националистички водач од Втората светска војна, Степан Бандера.

URL

Во обид да ја одбрани својата позиција, Маск подоцна објави дека „Русија ќе направи целосна мобилизација“ за одбрана на Крим, што ќе резултира со уништување на двете страни.

„Русија има трипати повеќе население од Украина, така што победата на Украина во тотална војна е малку веројатна. Ако се грижите за украинскиот народ, борете се за мир“.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе