Илон Маск: Super-Cybertruck „растура на повисоко ниво“

„Вселенскиот“ пикап Tesla Cybertruck, според сопственикот на компанијата, најверојатно ќе добие специјална верзија со високи перформанси.

Долгоочекуваниот и многу најавуван Tesla Cybertruck, електричен пикап кој конечно треба да се појави на пазарот пред крајот на оваа година, би можел да добие верзија со високи перформанси со поголема моќност и поголем вртежен момент.

Првиот човек на Tesla, Илон Маск, на социјалната мрежа Х се пофали дека возел „Cybertruck со високи перформанси“ и истакна дека овој пикап „растура на повисоко ниво“.

Маск во коментар на својата објава индиректно потврди дека во производство ќе биде и верзијата „Performance“ на Cybertruck.

URL

Се очекува дека Tesla на пазарот ќе понуди неколку различни верзии на Cybertruck, кога станува збор за капацитетот на батеријата и опсегот на возилото, покрај онаа што штотуку ја најави Маск.

Конечните спецификации и цените по верзија сè уште не се објавени, но компанијата излезе со некои бројки за потенцијалните купувачи.

Познато е дека Tesla Cybertruck ќе може да влече приколка со вкупна тежина од 6.350 килограми, а во својот товарен простор ќе може да пренесе до 1.587 килограми товар.

Просечниот опсег со едно полнење на батеријата треба да биде околу 800 километри (500 милји), додека просечното забрзување од 0 до 96 км/час (60 милји на час) е 2,9 секунди.

Производството на ограниченото издание на Tesla Cybertruck во фабриката во Тексас се очекува да започне пред крајот на оваа година, додека фабричките линии треба да се вртат со полна брзина во текот на 2024 година.

Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Авто новости

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Read more

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more
 

Автомобили

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе