Инспектори на УЈП во контрола на КАМ, маркетите биле запечатени бидејќи синоќа е прекинат пописот

Инспектори на Управата за јавни приходи вршат контрола во маркетите на КАМ која е насочена кон утврдување на фактичката состојба на залихите во магацин со книговодствената евиденција.

Од Управата за јавни приходи денеска ги демантираа информациите дека маркетите се запечатени поради прекршочни санкции. Запечатувањето на маркетите, како што наведуваат, е направено синоќа заради прекин на пописот со цел да не настанат евентуални измени во фактичката состојба на залихите во продавниците и магацините.

–  Сите објекти во раните утрински часови на 22.03.2022 година се отворени, односно службениците од УЈП ги отстранија пломбите во присуство на вработените на даночниот обврзник и со пописот се продолжува во текот на денешниот ден и се планира да заврши денес, велат од УЈП.

Додаваат дека контролата произлегува од низата неправилности утврдени со контролите по Законот за регистрирање на готовинските плаќања во повеќе маркети на територија на цела држава по однос на примената на даночната стапка.

– Управата за јавни приходи кај даночниот обврзник КАМ ДОО Илинден започна со извршување на надворешна контрола согласно Законот за даночна постапка за увид во состојба на залихите на трговска стока во магацин и продавници со цел констатирање на фактичката состојба на залихите и споредба со книговодствената евиденција. Контролата произлегува од низа нерегуларности утврдени со контролите по Законот за регистрирање на готовинските плаќања во повеќе маркети на територијата на цела држава по однос на примена на даночна стапка, наведуваат од УЈП.

За исходот од извршените контроли, како што посочуваат од УЈП, не може да информираат од причина што согласно член 9 став 1 од Законот за даночна постапка, службените лица на Управата за јавни приходи се должни како даночна тајна да ги чуваат сите документи, информации, податоци и други факти за даночниот обврзник до кои дошле во даночната, прекршочната или судската постапка.

Се огласија и од КАМ маркет од каде информираа дека се работи за редовна инспекциска контрола и дека во текот на денот се очекува маркетите да продолжат со редовна работа.

– Ве известуваме дека во моментот се врши инспекциски надзор во КАМ маркетите. Се работи за редовна контрола. Оние објекти кои во моментот не работат се затворени заради обезбедување услови за непречено одвивање на работата на инспекторите: спроведување попис и останати потребни активности. Во текот на денот очекуваме КАМ маркетите да продолжат со редовното работење, стои во соопштението од КАМ маркет.

Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Македонија

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Read more

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Граната од Првата светка војна најдена најдена во близина на кампот за мигранти во Гевгелија

Read more
 

Вести

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Читај повеќе

По осми пат ќе се одржи Today It's All About Jazz во Скопје

Читај повеќе

Повик за учество на млади поети на „Отскочна даска #3“ во рамките на 4. Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Читај повеќе

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Читај повеќе

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Читај повеќе

Путин ги откажа парадите на 9 мај: Стравот од украински напад е посилен од традицијата

Читај повеќе

Остар пад на доларот

Читај повеќе

Велигденски концерт на НУ Охридско лето со женскиот хор Менада

Читај повеќе