Instagram овозможи испраќање приватни лајкови за стори

Компанијата Meta воведе нова можност за Instagram, а тоа е испраќање приватни лајкови за стори.

Корисниците сега можат да испратат приватен лајк кога нечие стори ќе им го привлече вниманието. Претходно тоа не беше во можност, корисниците можеа да реагираат на Instagram стори само со испраќање директна порака или емотикон како реакција, а во двата случаи содржината би се прикажала во нивниот инбокс како порака.

Токму тој „проблем“ сега се решава со новата опција на испраќање приватен лајк. Корисниците сега ќе можат да ја забележат новата икона на срце лоцирана меѓу опциите Send message и иконата на авион.

Ако корисникот одлучи да испрати лајк на стори, тој ќе се појави на листата на оние кои го прегледале објавеното стори, а можен е пристап со повторно гледање . Оние кои јавно го гледаат  нема да го видат бројот на лајкови.

„Целта е да се овозможи луѓето да си изразат поддршка едни со други, но и да ги „исчистат“ своите директни пораки. Размената на пораки е клучен приоритет за нас и голем дел од тоа на што се фокусираме кога станува збор за директните пораки меѓу вас и луѓето со кои комуницирате“, изјави Адам Мосери од Instagram.

Апликацијата често додава мали, но корисни новитети како овој. Минатата есен воведе опција за бришење одредени фотографии или клипови од објавен пост.

URL

 

 

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Интернет

Готово е: Од денеска само X

Read more

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Read more

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Read more

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе