Институт за војна: Вчерашното однесување на Путин покажува дека е загрижен

Рускиот диктатор Владимир Путин направи неколку значајни симболични гестови за време на неговата вчерашна средба со Александар Лукашенко, соопшти Институтот за проучување на војната (ISW) во својот најнов извештај.

Путин го одведе Лукашенко да го посети Кронштат во Санкт Петербург - историски значајната тврдина каде што руските војници и морнари водеа неуспешен антиболшевички бунт на почетокот на 1921 година, кој на крајот беше уништен од советската влада.

Состанокот, според Институтот, сугерирал дека Путин „се обиде да проектира моќ и доверба во сопствената надмоќ“ над фракцијата поврзана со Евгениј Пригожин со седиште во Санкт Петербург. Путин и Лукашенко го посетија Кронштад со гувернерот на Санкт Петербург Александар Беглов и помладата ќерка на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, Ксенија.

„И Беглов, и Шојгу се лични непријатели на Пригожин, а јавната средба на Путин со Беглов, ќерката на Шојгу и Лукашенко на историската основа на неуспешното востание во Кронштад, речиси сигурно имаше за цел да го сигнализира надмоќта на Путин и неговите лојални кадри по вооружениот бунт на Пригожин“, велат од ISW.

Аналитичарите забележаа дека Путин, исто така, се трудел да се фотографира со голем број локални руски граѓани, вклучително и деца, додека бил во Кронштад, „веројатно за да се претстави како популарен и сакан лидер меѓу рускиот народ“.

„Овие симболични гестови покажуваат дека Путин е загрижен за неговата перцепирана популарност, безбедноста на неговиот режим и низата фракции кои се борат за власт во горните ешалони на руската администрација“, заклучува ISW.

URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Read more

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе