ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2023

Интер конечно најде напаѓач: Арнаутовиќ по 13 години се враќа на Меаца

Филип Здравески
/ 14.08.2023 / 20:26

Заминувањата на Един Џеко и Ромелу Лукаку го оставија Интер со преполовен напад, а челниците на клубот решение најдоа во нивниот поранешен играч - Австриецот Марко Арнаутовиќ.

Медиумите од Италија велат дека Интер ќе ѝ плати на Болоња 10 милиони евра за да го потпише Арнаутовиќ. Се очекува фудбалерот наскоро да ги помине задолжителните медицински тестови, по што и ќе стави потпис на договорот, чии услови веќе ги има договорено.

Арнаутовиќ не е непознат за Интер бидејќи беше дел од тимот на Жозе Мурињо кога освоија тројна титула, вклучувајќи ја и Лигата на шампиони. Тогаш настапуваше како позајмен од холандски Твенте, но запиша само 3 настапи, сите во Серија А.

Во меѓувреме одигра три сезони за Вердер, четири за Стоук, две за Вест Хем, па имаше двегодишна авантура во кинеската лига играјќи за Шанхаи Порт пред летото 2021 година да се врати во Серија А во дресот на Болоња. Лани на 21 натпревар во Серија А постигна 10 голови и еднаш асистираше.

Репрезентативец е на Австрија за која има одиграно 108 натпревари и постигнато 34 голови. Дете е од мешан брак: татко му е Србин, а мајка му Австријка.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more
 

Спорт

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе