КОПА ИТАЛИЈА 2019/20

Интер, Лацио и Наполи изборија четвртфинале во италијанскиот Куп

Екипите на Интер, Лацио и Наполи немаа проблеми со нивните противници и му се придружија на Торино во четвртфиналето од Копа Италија.

Од трите вчерашни натпревари само дуелот во Милано беше помеѓу две екипи од Серија А. Интер на „Меаца“ го пречека Каљари и уште во 22-рата секунда го отвори резултатот преку Ромелу Лукаку. Во 22-рата минута Борха Валеро зголеми на 2:0, четири минути по паузата Лукаку го спотигна својот втор гол за 3:0 пред Кристијан Олива со една бомба да намали на 3:1. Конечните 4:1 ги постави Андреа Ранокија со одличен удар со глава во 81-вата минута.

Лацио го пречека второлигашот Кремонезе и немаше никакви проблеми на „Олимпико“. Патрик Габарон во 10-тата минута постигна гол за водство, а во 26-тата Марко Пароло зголеми на 2:0. Во вториот дел, прво Чиро Имобиле реализирашпе пенал во 58-мата минута, а конечните 4:0 ги постави Бастус во 89-тата.

 

 

Претходно, Наполи го отвори денот со дуелот против второлигашот Перуџа на „Сан Паоло“. Со двата гола на Лоренцо Инсиње, двата од белата точка во 26-тата и 38-мата минута, „Партенопеите“ поведоа до 2:0. Дури во 7-мата минута од судиското надополнување и гостија добија пенал кој Пјетро Јемело не го реализираше бидејќи голманот Давид Оспина го одбрани неговиот удар.

На овој натпревар нашиот Елиф Елмас ги одигра комплетните 90 минути што е вторпат за него откако првпат цел натпревар одигра на гости кај Милан во ноември во рамките на Серија А.

Во четвртфиналето веќе е позната една двојка, а тоа е Наполи против Лацио. Интер го чека подобриот од дуелот на Фиорентина и Аталанта (денес, 15 часот), додека Торино, кој минатата недела на пенали ја елиминираше Џеноа, ќе игра против победникот од Милан - СПАЛ (денес, 18 часот). Последната четвртфинална двојка ќе ја формираат победниците од натпреварите Јувентус - Удинезе (вечер, 20.45 часот) и Парма - Рома (утре, 21.15 часот).

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе