Интер Мајами почна да гради стадион вреден милијарда долари, сè е усогласено со Меси

Интер Мајами ја започна изградбата на својот нов стадион, соопшти синоќа американскиот клуб, откривајќи нови фотографии од комплексот вреден милијарди долари.

Лионел Меси, Дејвид Бекам и останатите ќе се преселат во нивниот нов дом во 2025 година. Ос своето формирање во 2020 годиона тимот настапшува на стадиуонот „Драјв Пинк“ во Форт Лодердејл, Флорида.

Временската рамка за изградба на новиот стадион со 25.000 седишта се совпаѓа со последната година од договорот на Меси, откако тој му се приклучи на тимот на средината од јули.

„Со Интер Мајами моето семејство тргна да изгради нешто навистина трансформативно. За само четири години ја сменивме светската перцепција за американскиот фудбал. Додека ја започнуваме изградбата на 'Мајами Фридом Парк' водени сме од истата визија“, вели извршниот сопственик на Интер Мајами, Хорхе Мас, додавајќи:

„Со создавање на повеќеслоен простор ќе поставиме нов стандард за тоа какви можат да бидат спортските комплекси. Со нетрпение очекуваме да обезбедиме дестинација за храна и забава во која семејствата ќе можат да уживаат во текот на целата година. Едвај чекам да им посакам добредојде на нашите навивачи во нашиот најсовремен стадион и да слушнам овации додека Меси и вашите Интер Мајами играчи излегуваат на теренот за прв пат во 2025 година“.

Проектот вреден 1 милијарда долари се проширува надвор од МЛС со комплекс кој ќе вклучува и јавен парк од 58 хектари кој ќе биде најголемиот нов парк во Мајами, младински фудбалски и атлетски терени за заедницата и комерцијални и забавни понуди, со луксузен хотел од 750 соби, малопродажен центар и деловен простор.

Локалните бизниси во комплексот, особено хотелот и продавниците во малопродажниот центар, се очекува да имаат профит од посетителите кои ќе ја преплават областа на денот на натпреварите за да го видат Меси.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Фудбал

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Read more

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Read more

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Read more

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Читај повеќе

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Читај повеќе

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Читај повеќе

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе