УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Инѕаги сепак горд: Заслуживме повеќе, но капа долу за Манчестер

Интер синоќа не успеа да дојде до својата четврта титула во Лигата на шампионите откако и покрај пружениот одличен отпор против силниот фаворит Манчестер Сити загуби со минимални 1:0.

По натпреварот пред микрофоните седна тренерот Симоне Инѕаги, која мораше да собере сили и да ги каже своите импресии.

„Имавме одличен натпревар и треба да се гордееме со тоа. Не смееме да се задржуваме на тоа што можеше да биде, заслуживме повеќе. Го прегрнав секој од моите играчи, еден по еден, затоа што беа извонредни, исто како и нашите навивачи кои заслужија поинаков резултат, но се надевам дека беа задоволни од начинот на кој играше тимот“, изјави Инѕаги.

„Топката како да не сакаше да влезе во голот. Се случува, за жал, ни се случи во финалето на Лигата на шампионите. Ја погодивме пречката, топката беше исфрлена на гол-линијата, удар запре наш играч, се случија секакви работи... Со ваков дух, организација и посветеност, верувам дека во иднина ќе бидеме повторно тука“.

До финалето Истанбул, Инѕаги победи на седум од претходните осум финалиња. Имаше загубено само во своето прво финале уште кога го водеше Лацио, во Копа Италија 2017 година. Оттогаш, прво со Лацио освои два Суперкупа на Италија, еднаш Копа Италија, па со Интер освои два Суперкупа и двапати Копа Италија.

„Чудно е чувството, морам да се навикнам, но ги прегрнав играчите. Ретко зборувам веднаш по натпревар, чекам ден-два, но денеска им реков дека треба да се гордеат со постигнатото. Тие му покажаа на целиот свет колку добро поминаа против Манчестер Сити, тим чиј квалитет сите многу добро го знаат. Многу сум горд на играчите и навивачите. Заслуживме повеќе, но капа за Манчестер Сити, знаеме како напорно работеа во претходните сезони за да дојдат до овој момент“, повтори уште еднаш Симоне Инѕаги.

На Инѕаги му истекува договорот со Интер, сезонава често се шпекулираше за негова смена, а тимот страдаше поради тоа. Денеска сите зборуваат за нов договор, а тој вели:

„Играчите и јас бевме напаѓани во текот на сезоната, понекогаш со причина, понекогаш не, но научивме од тие порази. Освоивме четири трофеи и игравме во финалето на Лигата на шампионите. Во контакт сум со клубот, ќе се состанеме и ќе ја испланираме иднината. Немаше многу време за разговор во текот на сезоната“.

реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе