iPhone 15 Pro ќе биде значително подобар од конкуренцијата во еден сегмент

Серијата iPhone 15 треба да биде претставена следниот месец и има неколку непознати детали за тоа. Изгледа моделите на iPhone 15 Pro далеку ќе ја надминат конкуренцијата во еден сегмент...

iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max пристигнуваат во верзии со 128 GB, 256 GB, 512 GB и 1 TB простор за складирање. Сепак, очигледно е дека моделите на iPhone 15 Pro ќе ја удвојат максималната количина на внатрешна меморија.

Според последните информации, моделите на iPhone 15 Pro, пред се, ќе пристигнуваат со 256 GB простор за складирање податоци во основните верзии, додека најскапите верзии ќе пристигнуваат со 2 TB внатрешна меморија.

Во друг извештај се наведува и дека моделите на iPhone 15 Pro, меѓу другото, ќе пристигнат и во верзија со 2 TB внатрешна меморија, но дека основните верзии ќе имаат 128 GB. Како и да е, доаѓањето на iPhone од 2 TB изгледа неизбежно.

Извештајот дека моделите Pro ќе пристигнат во базни верзии со 256GB, на некој начин се согласува со извештаите за повисоките цени на уредите. Неодамна беше откриено дека наводниот модел на iPhone 15 Pro ќе биде 100 долари поскап од неговиот претходник и ќе чини 1.099 долари. Меѓутоа, ако ја споредиме таа цена со цената на iPhone 14 Pro со 256 GB внатрешна меморија, тоа значи дека цената всушност ќе биде идентична.

Од друга страна, најсилниот модел од претстојната серија - iPhone 15 Pro Max, наводно ќе доживее уште поголем пораст на цената. Така, наводно, може да чини 1199 или дури 1299 долари, што би било зголемување за 100 или 200 долари во однос на претходникот. Сепак, и овде зборуваме за зголемување во однос на моделот од 128 GB.

Тагови
реклама

Што ви носи големиот неделен хороскоп од 7 до 13 септември?

Read more

Хеликоптер што гаснеше пожар го „истушира“ Ангелов додека даваше изјава 

Read more

Путин со часови разговараше со најблиските луѓе на Трамп

Read more

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Read more

Мобилни

Генијален трик за пронаоѓање изгубен телефон дома

Read more

Што е ново во Samsung Galaxy S26 FE?

Read more

Дали вашиот Xiaomi телефон ќе остане без поддршка?

Read more

Нема да го копира Apple: Што ќе отфрли Samsung од Galaxy S27?

Read more

Гик

TikTok воведува голема промена што корисниците одамна ја чекаат

Читај повеќе

Project DualPlay Mini на Acer е рачна гејмерска конзола која се претвора во мал лаптоп

Читај повеќе

Се продава редок функционален Apple I компјутер 

Читај повеќе

Крај на една ера: Тим Кук повеќе не е шеф на Apple

Читај повеќе

Збогум на месечните претплати: Xiaomi има решение што го заменува Google Drive

Читај повеќе
  • play_arrow

Астронаутки заменија камера и уред за приклучување на вселенски летала на МВС

Читај повеќе

WhatsApp има нова опција што штити од измама, но мора сами да ја вклучите

Читај повеќе

Генијален трик за пронаоѓање изгубен телефон дома

Читај повеќе
  • filter

Мистерија длабоко под мразот: Антарктикот го покрил мраз среде тропска ера

Читај повеќе