Ист полнач за сите уреди, одлучи Европскиот парламент

Комитетот за заштита на потрошувачите на Европскиот парламент усвои директива со која се воведува единствен полнач за сите електронски уреди.

Директивата предвидува потрошувачите да не купуваат нов полнач или кабел за секој нов уред, туку да можат да користат еден USB-C полнач за сите мали и средни електронски уреди - телефони, таблети, звучници, лаптопи, компјутерски глувци, екрани, уреди за навигација, уреди за лична нега, дигитални камери, слушалки, рачни конзоли, електронски играчки и многу повеќе.

Директивата, меѓу другото, има за цел да го намали електронскиот отпад и да обезбеди одржливост на пазарот на Европската Унија.

„Половина милијарда полначи за преносни уреди се испорачуваат во Европа секоја година, создавајќи од 11.000 до 13.000 тони е-отпад. Истиот полнач за сите уреди е подобро решение за секого. Тоа ќе ѝ помогне на животната средина, ќе заштеди пари и ќе ги намали непотребните трошоци“, изјави Алекс Салиба, пратеник во Европскиот парламент.

Европратениците исто така бараат усогласување кога станува збор за безжичното полнење.

„Со зголемената употреба на безжичното полнење, пратениците на ЕУ бараат од Европската комисија да претстави стратегија до крајот на 2026 година за да ги направи сите безжични полначи компатибилни и да избегне нова фрагментација на пазарот“, се вели во соопштението на Европскиот парламент.

Предлог-законот ќе биде усвоен во мај, а пратениците на ЕУ полека почнуваат преговори со владите членки за конечната форма на законот.

Парламентот и Комитетот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на ЕУ бараат заедничко решение за полначот во изминатата деценија. Предлог-законот беше поднесен на 23 септември 2021 година, додека советот донесе преговарачка позиција на 26 јануари.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе