Историска бизарност: Турција официјално се повлече од Истанбулската конвенција

Турција денеска официјално го напушти меѓународниот договор насочен кон борба против насилството врз жените, т.н. Истанбулска конвенција. Оваа одлука на претседателот Реџеп Тајип Ердоган доби жестоки критики, како во Турција, така и во странство.

Протести против повлекувањето од Истанбулската конвенција, најавено од Ердоган во март, а кое стапи на сила вчера на полноќ, се закажани за неколку дена во повеќе турски градови.

Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, т.н. Истанбулска конвенција е документ од 2011 година, потпишан од 45 земји и ЕУ.

Тоа е првиот правно-обврзувачки и сеопфатен меѓународен механизам за борба против насилството врз жените и семејното насилство.

Конвенцијата обезбедува нова и детална меѓународна правна рамка за поефикасно искоренување на семејното насилство и насилството врз жените.

Remote video URL
Бес на организациите за правата на жените

Одлуката на Ердоган да ја повлече својата земја од Конвенцијата, иако бројот на убиства на жени во Турција се зголеми во текот на изминатата деценија, ги налути организациите за заштита на жените и критичарите на ЕУ, Вашингтон и на Високиот комесаријат за човекови права на ООН.

Турската влада ја објасни својата одлука со изјава дека Истанбулската конвенција „ги поткопува семејните вредности“ и „сака да ја прикаже хомосексуалноста како нормална“ затоа што повикува луѓето да не бидат дискриминирани врз основа на сексуална ориентација.

За разлика од многу земји со мнозинство муслимани, хомосексуалноста не е забранета со закон во Турција, но хомофобијата е широко распространета, посочува Франс Прес.

Аналитичарите ја толкуваат одлуката на Ердоган пред сѐ како негова желба да го обедини конзервативното гласачко тело во контекст на економските тешкотии на земјата.

„Ова повлекување испраќа опасна порака до оние кои вршат насилство, осакатуваат или убиваат: им кажува дека можат да продолжат да го прават тоа со целосна неказнивост“, рече лидерот на Амнести Интернешнл, Ањес Каламар.

„Во однос на правата на жените, Турција се врати десет години наназад“, додаде таа.

Минатата година, 300 жени беа убиени во Турција од страна на нивните партнери или поранешни партнери, според Здружението за правата на жените „Да ставиме крај на убиството на жени“.

Оваа година нема тренд на опаѓање бидејќи досега биле убиени 189 жени, рече истиот извор.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе